Front-end девелопер

  • вработување
  • Скопје
  • Applications have closed
IWM Network

iwmnetwork IWM Network

Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.

IWM Network има отворена позиција за front-end девелопер со добро познавање на респонзивен веб и HTML/CSS/JS. Позицијата е поврзана со работа на повеќегодишен проект – крипто-берза за Wall St. базирани инвеститори и е отворена за секој кој има желба да се приклучи на постоечки тим и да работи со последните технологии и веб стандарди.

Канцеларијата е во самиот центар на Скопје.

IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xoCluster, креативната и наградувана агенција Glitch, и има стратешки партнери како Zero Science Lab. Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и А1 Македонија (поранешен: Vip), A1 Croatia (поранешен: Vipnet), Vip Mobile, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862 и многу други…

Позицијата е отворена за секој дизајнер или девелопер со барем две години искуство (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти).

Позицијата не е наменета за почетници.

Што би работеле?

  • Дизајн, развој и оддржување на front-end во доменот на фин-тек и следење на последните веб трендови;
  • Работа на еден проект и усовршување на дизајнот со силен фокус UX-от на истиот;
  • Тестирање на UX и анализа;
  • Директна работа со инжинери, продукт менаџери и инвеститори за создавање на функционален софтвер;

Потребни познавања:

  • Докажано искуство со дизајн и развој на front-end;
  • Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност);
  • Познавање на Photoshop или Sketch;
  • Искуство со UX;
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Базично познавање на криптовалути и дигитални асети (напредно познавање е бонус),
  • Било какво искуство со React и JS е плус.

Услови за работа:

  • Редовна и висококомпетитивна плата (одредена зависно од способностите на кандидатот),
  • Флексибилно работно време,
  • Динамична работна атмосфера во која се бара преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Можности за бонуси,
  • Пријателска и тимска атмосфера.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.

Рокот за пријавување е до 25 декември, 2019 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.