DevOps инжинери

  • вработување
  • Скопје
  • Applications have closed
IWM Network

iwmnetwork IWM Network

Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.

IWM Network има две отворени позиции за DevOps инжинери кои имаат искуство со деплојмент и поддршка на тековен развој на веб апликации, како и добро познавање на Amazon Web Services. Позицијата е поврзана со работа на повеќегодишен проект – крипто-берза за Wall St. базирани инвеститори и е отворена за секој кој има желба да се приклучи на постоечки тим и да работи со последните технологии и веб стандарди.

Канцеларијата е во самиот центар на Скопје.

IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xoCluster, креативната и наградувана агенција Glitch, и има стратешки партнери како Zero Science Lab. Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и А1 Македонија (поранешен: Vip), A1 Croatia (поранешен: Vipnet), Vip Mobile, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862 и многу други…

Позицијата е отворена за секој DevOps или систем администратор со барем две години искуство (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти).

Позицијата не е наменета за почетници.

Што би работеле?

  • Администрација и подобрување на веќе поставена микро-сервисна инфраструктура,
  • Менаџмент и оптимизација на AWS сервиси и auto-scaling групи,
  • Координација со девелопери за балансирање на перформанси, издржливост и безбедност,
  • Подобрување на веќе постоечки CI/CD начин на развој на софтвер,
  • Активен мониторинг користејќи алатки како Grafana, Prometheus, ELK stack…
  • Работа со алатки и следење на последните трендови во индустријата,
  • Директна работа со инжинери, продукт менаџери и инвеститори за создавање на функционален софтвер;

Потребни познавања:

  • Докажано искуство со систем администрација и/или DevOps (претходно искуство со Java е плус),
  • Познавање на AWS сервиси (искуство во оркестрација на комплексни апликации на AWS е плус),
  • Искуство со бази на податоци,
  • Познавања од областа на енкрипција, сертификати, деплојмент, безбедност…
  • Добро познавање на англиски јазик.

Услови за работа:

  • Редовна и висококомпетитивна плата (одредена зависно од способностите на кандидатот),
  • Флексибилно работно време,
  • Динамична работна атмосфера во која се бара преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Исплата на бонуси на секои 6 месеци,
  • Пријателска и тимска атмосфера.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.

Рокот за пријавување е до 25 декември, 2019 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.