Senior / Middle .NET Софтвер девелопер

AITONIX

AITONIX

AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.

Моментално сме во потрага по Senior / Middle .NET Софтвер девелопер.

Senior / Middle .NET Софтвер девелопер е дел од тимот за развој на софтвер и е одговорен за дизајн, градење, кодирање и развој на ERP компоненти, за квалитетот и одржувањето на секоја од компонентите.

Што бараме:

  •  Одлично познавање на C#, .NET рамката, бази на податоци и развој на веб решенија
  • Одлично познавање на MS SQL Server >= 2008
  • Знаење на client-side web technologies (JavaScript, JQuery, Ajax etc.)
  • Знaење на XML
  • Познавање на Microsoft SharePoint, PHP, MySQL, WordPress
  • Искуство од минимум 1 година во развој на деловен софтвер (ERP) (во еден или неколку модули, како: човечки ресурси, основни средства, финансии и материјално сметководство, логистичко работење, клинички софтвер и слично)
  • Диплома за завршено високо образование во информатичка технологии и компјутерско инжинерство или слично поле е пожелно, но не и задолжително

Што нудиме:

  • Можност за работа во пријателска средина
  • Работа со водечките експерти во ИКТ индустријата во земјава
  • Кариерен развој и постигнување на кариерни цели
  • Мотивирачка плата
  • Можност за работа на големи проекти за домашни и странски клиенти

Прати ни го твоето CV на careers@aitonix.mk

To apply for this job email your details to careers@aitonix.mk

Apply using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook