Кинеската продавница JD.com започна да испорачува со дронови во руралните делови на Кина. Иако Amazon и Google подолго време ги тестираат леталата, сепак кинеската компанија стана првата компанија која испорачува со дронови.
JD.com испораките ги започнува во околината на градот Сукиан. Градот е лоциран во источниот дел на Кина, во рурална област каде испораките со возила се поголем проблем, отколку испораките со дронови. Засега компанијата не решава дел од проблемите кои би можеле да видат предизвикани од несовесни граѓани, како преземање на пратки кои не се наменети за нив или крадење и уништување на леталата. Наместо ова, леталата летаат помеѓу централните магацини и меагацините за достава во руралната област. По ова финалната достава е иста како и претходно.
Леталата можат да пренесат товар тежок 15 килограми, на далечина од 20 километри со брзина од 54 km/h. Ова можеби не изгледа премногу, но во руралните предели доставата која трае 20 минути со летала, по пат би можела да трае со часови, објаснува Fast Company.







