Јазот помеѓу САД и Кина сѐ подлабок, Трамп забрани кинески производители да градат компјутерски мрежи во САД

Претседателот на САД потпиша указ за вонредна состојба со кој забрани странски телекоми да учествуваат во изградбата на 5Г мрежата. Со извршна наредба претседателот на САД го зголеми влијанието на владата во заштита на државните комуникациски мрежи. Иако не е наведено експлицитно, речиси нема простор за сомневање дека мерката е насочена речиси исклучиво против Huawei.

Малку подоцна, Бирото за трговија на одделот за индустрија и безбедност ја додаде Huawei на „својата листа“, ова е познато и како „смртна казна“, пренесува Washington Post. Компаниите на оваа листа немаат пристап до производи од компании од САД.

САД и претходно имаа воведено забрана за државните агенции да користат производи од Huawei. Досега Австралија и Нов Зеланд го исклучија Huawei од градењето на 5G мрежа во своите држави.

Дека потегот е првенствено е насочен против Huawei се гледа и по тоа што компанијата експресно реагираше. Компанијата објасни дека Huawei е независен од владата на Кина и нивната работа не е опасност за државите.

„Huawei е неспоредлив лидер во 5G технологијата. Ние сме подготвени да соработуваме со американската влада и да изнајдеме ефикасни мерки за да ја достигнеме ултимативната безбедност на производите.

Ограничувањето на Huawei од бизнисот во САД нема да ги направи посигурни или посилни. Наместо тоа, ова ќе служи само за ограничување на САД на инфериорни, но поскапи алтернативи, оставајќи ги да заостануваат во распоредувањето на 5G и на крајот да им наштетат на интересите на американските компании и потрошувачи.

Покрај тоа, неразумните ограничувања ќе ги прекршат правата на Huawei и ќе предизвикаат други сериозни правни прашања“ – вели Huawei во соопштението.

Ова е петта вонредна состојба која ја прогласил претседателот Доналд Трамп. Претходната се однесуваше на јужната граница на САД, и му помогна да започне изградба на ѕидот помеѓу Мексико и САД. Во САД се активни 33 вонредни состојби. Ваквите одлуки му овозможуваат на претседателот да ги прескокне правните процедури и да носи одлуки без останатите државни органи.

1 коментар на “Јазот помеѓу САД и Кина сѐ подлабок, Трамп забрани кинески производители да градат компјутерски мрежи во САД

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии