Обновено: Хакерот што го хакираше јавниот превоз во Сан Франциско е хакиран

„Хакирани сте, сите податоци се криптирани!“, ова е пораката која може да се прочита на станиците за јавен превоз во Сан Франциско, популарно наречен Муни. Освен ова на терминалите се забележани и пораките „Не работи“ и „Бесплатен превоз“.

„Хакирани сме“, тврди анонимен работник од Муни, додавајќи дека проблемот е од петокот. Пораката која ја добиле е: „Хакирани сте, сите податоци се криптирани. Контактирајте нѐ за клуч. (crypt^m27 @ ^andex.com) ID:681, Enter“, пренесува San Francisco Examiner.

„Немаме намера да даваме интервју и да ја шириме веста! Нашиот софтвер функционира автоматски и не сме таргетирале ништо. SFMTA мрежата е многу отворена и 2000 сервери/PC-а се инфицирани од софтверот. Чекаме контакт на некој од одговорните од SFTMA, но мислам дека не сакаат договор. Утре го затвораме овој мејл.“, вели сопственикот на и-мејлот кој е оставен на пораката на ransomware софтверот, за Verge.

Image Courtesy of SFMTA.com

Image Courtesy of SFMTA.com

Поради ова, за да се намали влијанието врз граѓаните, се одлучиле да го отворат превозот за сите. Превозот со Муни возилата е бесплатен целиот викенд и според вестите сè уште е бесплатен.

„Во моментов работиме на решавање на ситуацијата. Истрагата е во тек, и не е прикладно да даваме дополнителни детали.“, вели Пол Роз, портпарол на San Francisco Municipal Transportation Agency.

Според описот нападот наликува на „ransomware“. Нападот овозможува криптирање на сите податоци и барање на откуп за нивно отклучување. Засега е нeјасно како е заразен системот, и дали од Муни размислуваат да го исплатат откупот, како и висината на истиот. Ransomware е еден од поголемите ризици за секој компјутер приклучен на интернет, дури и многу македонски интернет корисници се зафатени од овој злонамерен код, повеќе на таа тема, тука.

Надополнето @ 29.ноември во 17.35 ч:

Хакерот кој го држи јавниот превоз во Сан Франциско под опсада, бара 100 биткоини (вредност околу 73.000 американски долари). Во спротивно се заканува дека ќе објави податоци за корисници и вработени во тежина од 30 GB.

По ова, на сајтот на експертот за компјутерска безбедност Брајан Кребс, KrebsOnSecurity, беше објавена информација дека аналитичар и истражувач во доменот на компјутерската безбедност, кој сакал да остане анонимен, успешно го хакирал мејлот на хакерот-уценувач, со тоа што го погодил тајното прашање за ресетирање на и-мејлот.

Според пораките во мејлот, хакерот-истражувач потврдил дека на хакерот-уценувач му биле исплатени околу 45.000 американски долари во 63 слични случаи каде што користел ransomware. Според проценките, хакерот-уценувач до сега има собрано над 140.000 долари во биткоини од разни организации.

Во дополнителното истражување на серверите, се сомнева дека адресата од која што хакерот-уценувач се логира на серверите е од Иран, а телефонот поврзан со овој случај е од Русија.

Се очекуваат повеќе детали од случајот наскоро…

1 коментар на “Обновено: Хакерот што го хакираше јавниот превоз во Сан Франциско е хакиран

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии