„Jaс умирам“, волонтерка испрати твит за помош откако настрада во Киев

Морничави снимки и вести доаѓаат од центарот на главниот град на Украина, Киев, каде веќе неколку недели се води улична војна помеѓу про-европските демонстранти и про-руските власти. „Јас умирам“ е твит кој ќе ви ја замрзне крвта и кој најдобро го опишува ужасот во оваа поранешна советска република.

Твитот е испратен од украинката Олесија Жуковска, медицински волонтер кој замина во Киев да им помогне на повредените демонстранти. За жал набргу по своето пристигнување во Киев таа стана синоним за ескалацијата на состојбата која резултира со потврдени 75 загинати и над стотици повредени. Твитот и сликата набрзо вирално се раширија, а Интернет инсистира да дознае што се случи со Олесија Жуковска. Првите вести јавија дека таа е загината и не успеа да ги преживее повредите, но подоцна беше пренесено дека Олесија е во болница во Киев каде лекарите ги санирале нејзините повреди, но сè уште е приклучена на респиратор. Волонтерката на Twitter ги споделуваше своите лични искуства од Украина, а претходниот нејзин твит, ја најави ескалацијата на судирите во центарот на градот. „Итно до сите во Киев! Потребна ни е ваша помош! Крвопролевањето започна утрово!“

За среќа, подоцна Олесија се огласи на Twitter информирајќи дека е во стабилна состојба.

Друштвените платформи, пред се Twitter се почесто стануваат доверлив извор на информации во регионите каде што граѓаните излезени на улица ги бараат своите права или како во примерот на Арапската пролет во револуциите кои ги менуваат режимите во државите, па дури и во случај на терористички напади како нападот на маратонот во Бостон.

3 коментари на “„Jaс умирам“, волонтерка испрати твит за помош откако настрада во Киев

  1. Глупости. Што имаат врска немирите во Киев со портал за информатичка технологија како овој? Се разбирам, само ова не.

    1. Се работи за испреплетување на реалноста и дигиталното онлајн присуство. Riddle me this: Зошто би некој користел Twitter ако му треба медицинска помош?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии