Во K Computer се инвестирани 1.25 милијарда долари и ќе се користи за сложени проблеми за одредување на промени на времето и промена во климата. Суперкомпјутерот е со неверојатна моќ, може да извршува 8 квадрилиони пресметки во секунда (8 петафлопи), што е три пати повеќе од вториот најбрз компјутер, кинескиот Tianhe-1A.
К Computer е составен од 68.544 SPARC64 VIIIfx процесори, секој со по 8 јадра, што е вкупно 548.352 јадра. Ова е двојно повеќе од било кој систем во TOP500 листата на суперкомпјутери. Системот не користи графички процесори како што користат другите суперкомпјутери. Исто така, K Computer е наекономскиот систем од листата.
(via TOP500.org)