Јапонскиот Hirobo направи електричен хеликоптер за лична употреба

Јапонската компанија Hirobo креираше хеликоптер за лична употреба. Покрај тоа што прототипот е веќе креиран, според најавата првите хеликоптери ќе бидат достапни во 2021 година. Целта не е да се крера превоз за обичните луѓе туку за службите за итна интервенција во катастрофи или кога е непоходно брзо да се стигне до непристапен терен.

Хеликоптерот доаѓа со електричен мотор со кој може да се движи со брзина до 100 km/h, како и останатите електрични мотори работи тивко, па летачот ќе може да слушне доколку некој повикува помош дури и доколку не го забележи. Процента за цената за леталото е од 125.000 долари за бесполотно летало, едносед за 375.000 долари, а за во иднина се планира развој на хеликоптер двосед.

Како и со останатите беспилотно летала, најпрво ќе треба да се изработат законски услови за можност на овие летала да бидат вклучени во авиосообраќајот. Компанијата се надева дека рамка за законска можност за управување со нивните летала ќе биде донесена за 2 до 4 години, јави Rocket News 24.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии