Јапонија воведува строги критериуми за криптовалутите

Јапонска финансиска агенција најави дека ќе воведе построги критериуми кога е во прашање тргувањето со криптовалути. Со оглед на тоа дека постоеше опасност и да забранат тргување со криптовалути, новата промена е добра вест за сите. Јапонија досега имаше проблеми со пробивање на заштитата и крадење на крипо валути. Причина за построгите мeрки секако е Coincheck, од берзата на почетокот на годината беа украдени над 530 милиони долари во криптовалути.

Новите мерки се фокусирани на заштита на корисниците. Поголемата безбедност за корисниците ќе значи дека за регистрирање на берза ќе треба да се исполнат построги услови. Генерално станува збор за пет мерки кои мора да се исполнат, јави Nikkei Asian Review.

  • Најпрво ќе мора да се одделат компјутерите на кои се чуваат криптовалутите од остатокот на системите. Ова треба да обезбеди овие компјутери да бидат одделени и да немаат пристап до интернет. Чувањето на крипто валути на компјутери со пристап до интернет во Јапонија не доаѓа в предвид.
  • За големите трансфери ќе биде потребна идентификација на корисниците. Оваа мерка треба да помогне да се направи обид за да се спречи перењето на пари.
  • Сметките на „штедачите“ ќе треба да бидат подетално и почесто проверувани. Препораките се да се проверуваат неколку пати на ден. Парите на корисниците не смеат да се мешаат со парите на берзата и операторите не смеат да ги користат.
  • Најверојатно најлошата вест е дека во овие нови крипто-берзи нема да има простор за валути кои овозможуваат високо нивно на анонимност.
  • Конечно, последна мерка е дека акционерите и менаџерскиот тим на берзите мора да бидат одделени.

Мерките можеби на дел од ентузијастите им изгледаат престроги. Сепак безбедноста на крипто валутите е важна и за самата вредност на валутата. Секако забраната за анонимните крипто валути е болна, но се чини дека нема да може да се заобиколи за креирање на берзи во Јапонија.  Со кражбата од Coincheck на почетокот на годината се зафатени 260 000 корисници на берзата. Компанијата им врати 90% од средствата, но беше принудена да се спои сo „Monex“. Monex тогаш ја презема и одговорноста за враќање на 532 милиони долари.

Дали овие мерки ќе бидат прифатени и од други држави ќе треба да почекаме и да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии