Јапонец е уапсен пoради 3Д-испринтано оружје

По тримесечна истрага, јапонската полиција уапси 27 годишен жител на Кавасаки под сомневање дака поседува пиштоли испечатени со 3Д-принтер, пренесува NHK World. Кај осомничениот Јошито Имура се пронајдени вкупно пет пиштоли од кои од два може да се истрела смртоносен проектил. Полицијата го открила откако во февруари споделил фотографии од оружјето на интернет. Од осномничениот е одземено оружјето и 3Д принтерот на кој се испринтале составните делови, но муниција за оружјето не е пронајдена. Г. Имура се брани дека не знаел дека печатењето на оружје е противзаконско.

[youtube]OrUtbO2DXqs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии