Jaguar целосно електричен од 2025 година

Дејан Соколоски

во Свет

Image courtesy of Jaguar

Британскиот производител на автомобил, Jaguar, најави дека од 2025 целото портфолио на компанијата ќе биде електрични автомобили. Со ова Jaguar ќе им се приклучи на Tesla,  и на неколку помали производители кои произведуваат исклучиво електрични возила.

За реализација на овој план Land Rover Jaguar во 2024 ќе го претстави првото електрично возило од серијата. Во следните 5 години ќе бидат претставени уште 5 електрични возила. Компанијата во моментов произведува еден целосно електричен автомобил, Jaguar I-Pace.

Од 2025 Jaguar нема да произведува никакви возила што користат бензин, ниту хибридни автомобили. Планот е до 2030 над 60 отсто од возилата кои ги продава Land Rover Jaguar ќе бидат електрични.

Само за развој на електрична технологија компанијата ќе потроши 2,5 милијарди британски фунти годишно.

Jaguar не е првата компанија која најавува дека ќе започне транзиција во целосно електричен производител, но се едни од компаниите кои имаат најамбициозен план за транзицијата. Bentley и General Motors најавија целосно електрично производство од 2030, односно 2035 година.

Една од предностите на Jaguar како производител на електрични возила е што веќе се препознатливи по своите луксузни спортски автомобили. Ова не само што ги прави интересни за купувачите ,туку ќе им овозможи да продаваат поскапи возила, без да имаат загуби поради високата цена на батериите.

Land Rover Jaguar е во сопственост на индиската компанија Tata Motors.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии