Јадете правилно со онлајн сервисот Eat This Much

Крајот на летото за најголемиот дел од нас значи пофокусирано враќање на работа, намалување на физичките активности, помалку внимание на исхраната, а со тоа и зголемување на килограмите. Eat This Much е онлајн сервис кој е погоден особено во овој период од годината, а има за цел да ви помогне да ја оддржувате или постигнете посакуваната телесна тежина.

За разлика од калкулаторите за калории, кои врз основа на вашата активност, висина и тежина ви кажуваат колку калории треба да внесуватe, Eat This Much ви дава предлог мени. Уште подобро, рецептите и начинот на приготвување на храната се интегрирани во сервисот. Покрај ова сервисот со понудените рецепти ви гарантира дека ќе го внесувате потребното дневно количество на јаглехидрати, масти, протеини и растителни влакна.

По изборот на вашиот план за исхрана и бројот на оброци, Eat This Much ви го претставува препорачаното мени. Се разбира доколку некое од јадењата не ви се допаѓа може лесно да го замените. Во полињата со јадењата можете да ги пронајдете и линковите за нивна подготовка, а тука се и цените на храната кои за жал немаат опција за локализација, односно не се соодветни за пазарот во Македонија.

Основната верзија на апликацијата е бесплатна и поддржува:

  • генератор на исхрана,
  • над 1.000 рецепти,
  • зачувување на јадења и
  • еден план на исхрана.

За разлика од ова бесплатна верзија, отклучување на целиот потенцијал на апликацијата чини 7 US долари месечно, но поддржува 100 планови за исхрана, автоматско генерирање на мени секоја недела, календар, принтање и имејл на менијата и поддршка за One Man Team, сепак можеби најдобрата опција  на претплатата се предупредувањата кои ги добиваат корисниците кога готват поголеми јадења, а се однесуваат на планирање на „остатоците“ од јадењата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии