Ја направив Najdi go gradot бидејќи нема многу македонски игри зa Android

во ИТ.МК

Najdi go gradot е локална игра за Android направена од Владимир Новачки, програмер чие хоби се мобилните апликации. Играта е едукативна и лесна за играње. Треба да го закачите пинот на точното место каде се наоѓа македонски град на мапата поделена на општини. Звучи едноставно, и е, но целта на оваа апликација – која влезе во финалето како една од топ 10-те апликации меѓу 100-те на натпреварот на Агенцијата за електронски комуникации – е да го зголеми бројот на македонските игри за Android.

„Не заработувам од мобилни апликации… Ја направив Najdi go gradot со цел за да допринесам за македонскиот пазар на мобилни апликации. Според неофицијални податоци само 2% од македонските мобилни апликации се игри, што е голем недостаток, па затоа се одлучив да направам игра, која воедно е и едукативна.“, вели Владимир чија проценка е направена со преглед на сите апликации кои беа претставени на Android натпреварите на Vip и One.

[youtube]GXMG6GX-FIs[/youtube]

Владимир е крeатор и на други Android апликации, меѓу кои и Skopje Taximetеr со која учествуваше на првиот Vip Android натпревар. Апликацијата за пресметување на тарифата во реалнот време, заедно со други апликации од натпрварот беше преинсталирана на Android уредите кои ги продаваше Vip. Освен што штити од дивите таксисти, Skopje Taximetеr е направена на таков начин секој корисник да може да ја прилагоди за други градови. Тарифите по задедено се тие од таксињата во Скопје, пример 50 денари старт со вклучени 2 километри, но секој корисник може да ги замени вредностите. Skopje Taximetеr, Najdi go gradot и другите апликации на Владимир ќе ги најдете во Google Play продавницата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments