Ja мразам патент војната, вели ко-основачот на Apple

Не се согласувам со одлуката [да се казни Samsung], ја мразам, вели ко-основачот на Apple, Стив Возниак, за Bloomberg, и додава дека тоа што тој го сака е неговиот iPhone 5 да прави подобри фотографии од неговиот Samsung Galaxy S3. Интересно, изјавата на г. Возниак е спротивна со таа на Тим Кук, кој го наследи Стив Џобс на директорката поцизија. Според г. Кук, одлуката на судот од Калифорнија да го казни Samsung со 1 милијарда долари за копирање на iPhone, е правична.

Но, г. Возниак можеби го покажува правиот дух на ИТ револуцијата, надевајќи се дека неговиот уред ќе биде подобар и поиновативен од тој на конкурентите, но без да се ограничува и да користи само еден популарен уред.

„Подобар квалитет на фотографии ќе значи многу, бидејќи кога ќе им покажам на пријателите фотографии од мојот iPhone 4 и од мојот Galaxy S3, тие секогаш велат дека Galaxy S3, па дури и Motorola Razr, прави подобри фотографии.“, вели г. Возника додавајќи „Сакам да земам продукт, да го користам и да одлучам каков е во споредба со другите. Сакам да го проверам и да видам што е тоа добро, а што лошо кај него.“

Според него, нема потреба да има патент војни меѓу Samsung и Galaxy и не верува дека одлуката на судот ќе ги изддржи поплаките.

„Би сакал сите да се договорат на делење на патентите и сите да ги изградат најдобрите форми што сакаат со користење на сечии технологии.“, вели тој.

3 коментари на “Ja мразам патент војната, вели ко-основачот на Apple

  1. Voznijak sekogas ide kontra :) Dodeka Steve Jobs go pokazuvase 4ka iphone , on rece deka gi saka android (a on e koosnovac na Apple) :)

    Sega i ova :)

    Sepak mislam deka e marketinski trik na Voznijak , sekogas zbori losho za iPhone za posle da rechat deka on e najiskren , i na kraj da rece ee iPhone 6 e najjak i site da se slozat :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии