Ја играте ли Heroic – Magic Duel новата игра на Nordeus, креаторите на Top Eleven?

Top Eleven Football Manager секако е најпопуларниот наслов на Nordeus, но компанијата не сака да остане препознатлива по само една игра. Недамна на App Store и Google Play се појави и нивната нова игра Heroic – Magic Duel.

Ако не го следите насловот овојпат не станува збор за спортска симулација туку своевидна стратешка игра наменета првенствено за борба еден на еден помеѓу луѓето. играта има и содржини во кој играчите се натпреваруваат против компјутерот, но ова е единствено за да ги подобрат хероите кои ги користат. Штом се задоволни од нивото и надградбата на своите херои започнува вистинскиот натпревар во кој нивни противници се останатите играчи. За разлика од добар дел на игри во кои натпреварите се против компјутер, тука се игра истовремено, што прави Magic Duel да биде навистина „PvP“.

Но, Nordeus нема да застанат на ова. Од компанијата најавуваат и локални турнири во живо и куп друга локална содржина која ќе ги привлекува играчите.

Magic Duel е достапна на Android и iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии