Изворот на Wikileaks, Бредли Менинг, е осуден на 35 години затвор

Војниот суд му изрече казна затвор од 35 години затвор на Бредли Менинг. Дваесет и пет годишниот војник е осуден за шпионажа, но не и за обвинението дека го потпомагал непријателот кое можеше да го задржи во затвор доживотно. Иако обвинителите бараа 60 години затвор за случајот да служи како пример за другите, судот одлучи дека на Менинг ќе му бидат признаени и сите 112 дена кои ги одлега во затвор до пресудата. Доколку се однесува добро во затворот, можно е на Менинг да му биде скратена казната, но само откако ќе одлежи една третина од казната.

Менинг, кој служеше како аналитичар во Ирак во 2010-та година, му призна на судот дека е изворот на Wikileaks за доверливите документи за војната во Ирак и Авганистан, како и стотици илјади дипломатски депеши. Тој додаде дека само сакал да ги информира луѓето и да започне јавна дебата за да го смени светот на подобро, и немал намера да помога на непријателите.

„Жал ми е што ги повредив Американските држави.“, се извини Менинг.

Американското здружение за граѓански права испрати остри критики за одлуката велејќи за Washington Post дека „има нешто лошо во правниот систем кога војник кој споделил информации со медиумите и јавностa е казнат многу построго отколку војниците кои малтретираат затвореници и убиваат цивили“.

Amnesty International започна кампања со барање до американскиот претседател Барак Обама да го помилува Менинг.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии