Прирачник за НАТО оправдува убивање на хакери во сајбер-војна

Земјите кои се вклучени во војна имаат легално право да употребат сила против хакерите и „хактивистите“ кои се инволвирани во сајбер-напади, се вели во нов прирачник подготвен за НАТО oд група независни експерите кои соработуваа со интернационалниот Црвен Крст и Сајбер командата на САД, пренесува Guardian.

Предложениот прирачник е контроверзен бидејќи интернационалните закони го забрануваат убивањето на цивили во војна. Но, овој прирачник е и прв обид да се дефинира и стави легалната рамка околу сајбер-војувањето каде хакерите и машините се војници кои можат да изгасат цели електрични и финансиски институции. Пример за вакво сајбер-војување – и главен мотив за поканата на експертите да подготват ваков правилник – видовме во 2007-ма година кога Русија злоупотреби компјутерски напади против Естонија. Новиот прирачник е крстен Tallinn Manual токму по главниот град на Естонија.

Во прирачникот се вели дека Женевската конвеција треба да продолжи да се почитува и цивилните објекти како болници, училишта и нуклеарните централи мора да бидат поштедени од воените напади. Но, хакерите можат да бидат третирани како воени единици. Прирачикот вели дека земја може да користи „соодветни одбранбени механизми“ против сајбер нападите, но само во случај на воен конфликт (кога сајбер нападот предизвикал смрт или значителни штети врз имот) легалните рамки можат да бидат олабавени за да дозволат употреба на сила врз хакер кој нашол ранливости или креирал злонамерен код за потребите на непријателските сили. Што се однесува до сајбер-шпионажитe, експертите не се согласуваат за како да се третира инцидентот со Stuxnet вирусот кој САД го користеше да ја саботира нуклеарната програма на Иран.

„Интернационален воен конфликт постои таму каде има непријателства, кои можат да вклучуваат или да бида лимитирани на сајбер операции помеѓу две држави.“, се вели во правило бр. 22 од прирачникот. „До денес немало интернационален воен конфликт кој се одвивал само во сајбер просторот. Но, интернационалната група на експерти едногласно се согласи дека самите сајбер операции можат да ја поминат границата на интернационален воен конфликт.“

Тоа што недостасува во прирачникот е што не е дефинирано како да се одреди од каде доаѓа нападот, што е проблем бидејќи хакерите лесно можат да си ги сокријат трагите. Друг проблем, наведен во самиот Tallin manual, е што не законот не ја одредува границата од кога може да се користи сила и да се предизвика смрт.

Овој прирачник не е официјален став за сајбер војувањето на НАТО, но најверојатно ќе биде дискутиран од воените експерти, правници и борците за човекови права за да се дефинираат законите во новата сајбер ера.

1 коментар на “Прирачник за НАТО оправдува убивање на хакери во сајбер-војна

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии