Израелските безбедносни експерти Hexadite сега се дел од Microsoft

Безбедносната компанија од Hexadite од Израел сега е дел од Microsoft. Ова е дел од планот на компанијата за инвестиции во следната генерација на дигитална безбедност, вели Microsoft.

Работата на Hexadite останува иста како и досега, да ја зголеми безбедноста на Windows оперативниот систем. Попрецизно, ќе работат на подобрување на Windows Defender Advanced Threat Protection (WDATP). Вработените од компанијата ќе бидат дел од Windows and Devices Group. Hexdrite користи вештачка интелигенција за препознавање на заканата и за отстранување на истата. Ова ќе автоматизиран систем за поголема безбедност.

„Нашата визија е да донесеме нова генерација на безбедност која ќе помогне со поголема безбедност, детекција и одговор на постојанo напредувачките дигитални закани. Технологијата и талентот на Hexadite ќе ги надополни постоечките технологии на Microsoft“

Hexadite е компанија која работи со вештачка интелигенција. Тоа значи дека нивното решение со безбедносните проблеми се справува како што би се справил и човек. Системот работи со проценка на процесите, а засега ова важи за помалите безбедносни закани. Ова овозможува безбедносните тимови да имаат повеќе време за сериозните закани.

Microsoft не ја потврди сумата која е исплати за Hexadite, но извори за TechCrunch велат дека е околу 100 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии