Израелски стартап најде начин да ги полни телефонските батерии за неколку минути

Израелскиот стартап Storedot на CES 2015 презентираше технологија која речиси празната батерија ја полни за неколку минути. Батериите се полнат 100 пати побрзо споредено со сегашниве полначи, и Storedot има можност да ги револуционизира батериите за сите преносни уреди, вели BBC.

Но, BBC, кој имаше ексклузивна можност да ја види технологијата, вели дека не доаѓа без маани. Можеби најголемата е што полначот не може да се приклучи на постоечките телефони директно, бидејќи струјата од 40А ќе ги изгори телефоните кои се користат. Батериите се направени од синтетизирани органски молекули. „Реакциите во нашите батерии не се како традиционалните. Ова овозможува брзо полнење, префрлање на јони од анодата на катодата со брзина која до сега не беше можна“, вели Дорон Маерсдорф од Storedot.

Компанијата имаше средби со голем дел од производителите на телефони, таблети и преносни компјутери на CES, па можеби наскоро е можно да се појават во некои од уредите. Во моментов Storedot започнува тестирање на својата технологија за батерии за автомобили. Компанијата е убедена дека може да ја искористи технологијата, а најавуваат дека полнењето на електричните автомобили во иднина би можеле да се прави за неколку минути.

За 2017 година компанијата има поставено цел нивните батерии да имаат ист капацитет по килограм како и Li-Ion батериите кои се инсталирани во паметните телефони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии