Изненадениот Google ја запре продажбата на Nexus 7

Google ја запре продажбата на верзијата на Nexus 7 со 16 GB простор. Паузата во продажбата не е поради грешка во производот, туку изненаденоста на Google од популарноста на таблет компјутерот, пушува Guardian. Поради големата побарувачка, компанијата вели дека нема избор и дека мора за сите идни нарачки на овој модел да ги извести купувачите по имејл во моментот кога моделот ќе биде достапен.

За разлика од 16 GB, послабата верзија од 8 GB, која е достапна за 3-5 дена, не е многу барана. И покрај тоа што речиси и нема залихи на поскапата 16 GB верзија, купувачите се решаваат сепак за чекање, отколку за поевтината и достапната верзија со помал простор. Можеби причината за ова е што идејата за сите работи да ви седат на „облакот“ не е доволно експонирана, а и големината на меморијата каде што ќе можете да ги зачувате податоците, сепак не може да се зголеми. Очигледно е дека Nexus 7 e огромен хит, а Asus веќе работи за да ја oбјави и следната серија на моделите со 16 GB.

Успехот на Nexus 7 покажува и успех на Google Play, како и на услугите кои ги нуди „продавницата“. Покрај ова првата соработка на Asus и Google на таблет компјутер е целосен успех, иако на крај би суделе според продажбата и конкуренцијата. Во наредните неколку месеци се најавени неколку нови и евтини таблет компјутери и Kindle Fire 2, a тука се и шпекулациите околку iPad mini кој би требало да се потврди или демантира до октомври.

[youtube]qqiSE-ukmgc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии