Излезе закрпата 2.5.0 за Diablo 3!

Diablo 3 е една од ретките игри која константно се надополнува со нови содржини, настани и исправки. Најновата закрпа ја носи кодната бројка 2.5.0 и во нејзината внатрешност крие огромни подобрувања и промени.

Она што повеќето со душа чекаа е воведувањето на Armory системот и новите можности за складирање материјали.

Armory ви дозволува да сочувате до пет целосно различни билдови за секој од вашите ликови. Секој билд ќе води сметка за опремата, неисклучувајќи ги и интегрираните скапоцени камења, вештини како и моќи здобиени преку мистичната коцка на Канај. Пристап до ваквиот „арсенал“ имате во секој од петте градски центри. Од друга страна, новите можности за складирање ви дозволуваат од едно место да добивате пристап до сите материјали, со што се ослободува простор и се добива подобра прегледност.

Primal Ancients е нов предмет за сите играчи кои ја имаат завршено моменталната сезона и ја имаат најдено сета опрема која е потребна за нивниот билд. Blizzard смета дека ваквите предмети им даваат на ветераните дополнителен поттик за понатамошни инвестиции во играта. Инаку, Primal Ancients се исто така достапни и за ликовите надвор од сезоната, но за нивно добивање потребно е да го имате остварено максималното ниво (70) и да започнете со добивање Paragon нивоа.  За да добиете Primal Ancient, односно предмет со статуси на древно ниво и со максимален број на слотови за интегрирање скапоцени камења, потребно е успешно да завршите Greater Rift 70, сами и со некој од вашите ликови.

Закрпата 2.5.0 донесува и интересни промени во Adventure модот, како и бројни исправки од општ карактер. Со закрпата, по првпат доаѓаат сезоните и кај конзолските играчи, и тоа од 31 март.

Целосни информации имате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии