Ќе излезе во продажба првиот SSD од 100TB и може да биде ваш за „само“ 100.000 долари

Едно време одевме кај комшијата да видиме хард диск од 100 GB. Таквото нешто беше незамисливо и, сосема очекувано, комшијата беше тој со највеќе девојки. Сега, 100 GB не е доволно. Не, не, за да предизвикате вистинска завист, да бидете во центар на вниманието и дел од елитата потребен ви е хард диск од 100 TB. Nimbus Data, релативно непозната компанија, се грижи за вашиот социјален живот и токму поради тоа го има понудено првиот најголем SSD хард диск.

ExaDrive DC100 крие во внатрешноста простор за складирање податоци од 100 ТB и ветува дека никогаш повеќе нема да мора да избришете нешто за да ослободите простор. Интересно, делот со девојките и вашиот подем кон славата не го ветува. Тоа, претпоставуваме, се остава на вас.

Но, колку всушност е 100 TB и дали тоа е навистина доволно?

Во ExaDrive DC100 би можеле да складирате над 20 милиони песни, или 20 000 филмови во HD. Дополнително, доколку земеме во предвид дека денешниве игри се по 50 GB, тогаш би можеле да соберете најмалку 2000 игри. Подразбирливо, најголемата предност на ExaDrive DC100 е повеќе за дата центрите, а помалку за домашна употреба. Токму поради тоа, компанијата Nimbus Data ветува дека нивниот производ е plug-and-play компатибилен со стотици платформи за складирање и сервери, а во изработка е и верзија со SAS интерфејс. ExaDrive DC100 е со SATA 6Gbps интерфејс. Што се однесува до брзината, хард дискот со гигатските можности за складирање  е способен за до 500MB/s читање, односно читање и запишување до 100,000 IOPS.

Интересно, но и скапо.

Од компанијата не се изјаснија за цената, но кажаа дека цената ќе биде оформена според моментната цена од еден терабајт за веќе-постоечките Еnterprise SSD, што значи би можеле да гледате во цена од 100,000 долари. Ова е одличен момент да си земете кратка пауза за да ја процесирате информацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии