Излезе третата верзија на софтверот за торенти Transmission

Transmission e брза и едноставна алатка за преземање торенти. Достапна во open-source форма, програмот стои на располагање за Windows околина, но и за macOS, Linux, или веб.

Интересно е тоа што најновата, трета верзија е, всушност, првото поголемо надополнување во последните две години. Мило нѝ е што тимот зад алатката решил да пружи втора шанса. Корисниците на претходната верзија ќе забележат исправки во бројни оддели, значително подобрени перформанси, искоренети безбедносни проблеми, но и воведување на можноста да се дозволи RPC (Remote Procedure Call) сервер. Корисничкиот интерфејс е модернизиран и оптимизиран за подобар приказ на екрани со висока резолуција, а Mac корисниците имаат на располагање и мрачен режим за работа.

IT.MK никако не охрабрува користење на Transmission за преземање нелегални содржини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии