Излезе првиот трејлер за The Witcher серијата

Фановите на The Witcher серијалот беа исклучително загрижени за тоа како би можела да биде телевизиската серија, првенствено поради катастрофално лошата перика на актерот Хенри Кавил. Неколку месеци, интернетот си играше мајтап и се потсмеваше за тоа како се работи за евтина продукција која нема да успее да го одржи истиот чекор со игрите. По излегување на првиот трејлер за телевизиската серија, работите се значително поразлични и поголемиот број од фанови се екстремно импресионирани од виденото.

Два дена по објавување на трејлерот, познатиот англиски рапер, Ден Бул, ја комбинира неговата песна The Bestiary со сцени од трејлерот и резултатот се чини повеќе од задоволителен.

The Witcher телевизиската серијата би требало да излезе при крајот на 2019 година, а веќе се дозна дека настаните во серијата првенствено ќе влечат инспирација од книгите.