Излезе последното DLC за Fallout 4 – Nuka World

Nuka World е последното, а второ по големина, проширување за RPG играта, Fallout 4. Слично како и со првото поголемо проширување Far Harbor, Nuka World се одвива на целосно нов регион каде ви стојат на располагање рекреативни зони и паркови, а со тоа и можност по прв пат да бидете еден од лошите и да водите банди во освојување населби. Проширувањето ветува часови и часови забава, нова главна приказна, оружја и суштества, но за да го започнете строго се препорачува да сте левел 30 или погоре. Во тој случај, автоматски се здобивате со предизвик наречен “All Aboard”, кој го започнувате со преслушување на Nuka-Cola семејната радио станица преку вашиот Pip-Boy.

Во случај да не сте левел 30, а да сакате да живеете опасно, можете веднаш да се упатите кон “Nuka-World Transit Center” и да го започнете проширувањето. Според официјалните инструкции од Bethesda, локацијата е на далечната, западна страна од мапата, надвор од првобитната игрива зона. За полесно пронаоѓање, ќе ви помогнат обележјата на мапата насловени како “Lonely Chapel,” и “Federal Ration Stockpile,” – бараната станица е на мапата лево од нив.

Како што напоменавме, Nuka World  е последно и шесто проширување. Останатите додатоци се Automatron (март 2016), Wasteland Workshop (април 2016), Far Harbor (мај 2016), Contraptions Workshop (јуни 2016), и Vault-Tec Workshop (јули 2016). За тоа какво е нашето мислење за ова и сите претходни додатоци, очекувајте го нашиот специјален извештај наскоро!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии