Излезе Chrome 9 со WebGL и Google Instant

Web GL e нова технологија која ни носи 3Д забрзани графики во прелистувачот. Со Web GL можете да го искусите богатото 3Д искуство баш внатрe во прелистувачот, не ви е потребен никаков дополнителен софтвер. Ако сте заинтересирани за ова можете тука да пробате неколку демо слики кои се навистина интересни. Најпрво морате да го инсталирате Chrome 9.

Со Chrome Instant, интернет страниците кои често ги користите ќе почнат да се вчитуваат во истиот моментот ќе почнете да го пишувате URL. Ако се поддржани од вашиот пребарувач по зададено, резултатите од пребарувањето ќе се појават веднаш кога ќе почнете да пишувате во омнобоксот (местото за внесување адреси на Chrome).

Chrome Web Store e отворена за сите корисници на Chrome кои живеат во САД. Барем така вели Google на својот блог, иако и македонски корисници можат да инсталираат аплкации. Таму има многу апликации кои можат да придонесат за нашето позитивно искуство на интернет. Google најавува на својот блог дека оваа продавница ќе функционира комплетно и за интернационалните корисници.

2 коментари на “Излезе Chrome 9 со WebGL и Google Instant

    1. Tnx за инфото Столе. Работи и кај некој од нас, но беше чудно што Google на својот блог напиша дека е „само за САД“, најверојатно нешто не е комплетно. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии