Излегоа првите официјални слики за филмот Tomb Raider

Фановите на долго-очекуваниот Tomb Raider, филм со занесната Алисија Викендер, конечно беа почестени со неколку официјални фотографии од филмот.

Што се однесува до самата приказна, седум години по исчезнувањето на нејзиниот татко, кој го глуми Доминик Вест (The Wire), дваесет и една годишната Лара вложува нови напори да го пронајде преку гробницата на еден остров во близина на Јапонија. Самата гробница е всушност последното место каде е виден нејзиниот татко, но работите никогаш не се толку едноставни и ова ќе биде сè само не безгрижно археолошко истражување.

„Одненадеж, залогот не може да биде повисок за Лара која, наоружана само со нејзиното остро размислување, слепа верба и тврдоглав дух, мора да ги тестира способностите додека навлегува во непознатото“, вели официјалниот опис и додава дека: „Доколку ја преживее оваа опасна авантура, Лара би можела конечно да го заслужи името Tomb Raider“

Покрај Доминик Вест, во филмот се појавува и злобниот Волтон Гогонс (Sons of Anarchy), како и капетанот на бродот, Даниел Ву (Warcraft). Филмот е режиран од Рор Утаг, а напишан од Џенива Робертсон – Дворет (Transformers 5). Приказната, меѓу тоа, нема да е директно врзана со игрите. Претходните два најзначајни Tomb Raider филмови беа со Анџелина Џоли во главна улога, Lara Croft: Tomb Raider (2001) и Raider: The Cradle of Life (2003). Најновиот филм се очекува во 2018 година.

Што се однесува до патешествијата на Лара во гејмерската индустрија, последната игра излезе на 9 февруари 2016, а се вика Rise of the Tomb Raider. Талентираното студио Crystal Dynamics планира уште една игра во сличен дух затоа што овој и хитот од 2013 година се замислени како дел од трилогија. Според гласините, третата игра би можела да се вика Shadow of the Tomb Raider.

1 коментар на “Излегоа првите официјални слики за филмот Tomb Raider

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии