Изгаснeта е Wikipedia на италијански јазик во протест против контроверзeн интернет закон

Новиот закон „DDL Intercettazioni” или „Акт за прислушување“ кој се дебатира во италијанскиот парламент бара „сите веб сајтови да објават, во рок од 48 часа по барање и без коментар, поправка на содржината која засегнатата страна мисли дека го омаловажува нејзиниот или неговиот углед“.

Ова според Wikipedia на италијански јазик е неприфатливо бидејќи мислење на засегнатото лице ќе биде единствена основа за цензура, без слободата да се дискутира, да се разгледа поплаката и да се дојде до неутралниот и вистинит став. Затоа во знак на протест против законот Wikipedia на италијански јазик е изгасена, додека колегите-википедијанци започнаа протести пред италијанските амбасади во разни земји.

„Во сите овие години, корисниците на Wikipedia (и повторно потенцираме дека нема уредништво) секогаш можеле да прегледаат – и да ја уредат ако е потребно – било која содржина која била навредлива за некого, без да се наштети на неутралноста на проектот и неговата независност.“, пишува Wikipedia на италијански јазик во писмо кое ја замени почетната страна на онлајн енциклопедијата.

„Обврската да се објават корекции на вашиот сајт, според параграфот 29, без право да се дискутираат и потврдат тие барања, е неприфатливо ограничување за слободата и независноста на Wikipedia, до точка да ги изобличува принципите на кои Слободната Енциклопедија е базираната и ова би довело до парализа на „хоризонталниот“ метод на пристап и уредува, доведувајќи го до крај нејзиното поестоење како што го знаевме се до денес.“

Доколку не се смени законот, против кој има петиција од италијанските интернет корисници за да се вметне амандман кој ќе го ограничи параграфот 29 само на „регистрирани весници и онлајн магазини“, можно е Wikipedia целосно да го избрише изданието на италијански јазик. Сега за сега, најавено е дека проектот останува до петок.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии