Издадена брошура од УЈП за тоа како да ја потврдите даночната пријава

Со април доаѓа и периодот во кој граѓаните требаше да ги поднесат своите даночни пријави. Оваа година за првпат товарот нема да биде на граѓаните туку на Управата за јавни приходи.

Агенцијата најдоцна до 20 април треба на сите обврзници да им ги испрати сите даночни пријави за потврда. Пријавите ќе пристигнат преку електронскиот систем e-pdd.ijp.gov.mk. Потоа корисникот најдоцна до 31 мај треба да ја потврди или да ја корегира даночната пријава, објаснува порталот Академик.

Управата објави и брошура која треба да го олесни вториот дел на постапката. Брошурата е јавно достапна на страницата на Управата за јавни приходи. Иако е малку подолга сепак има пример со кој од почеток до крај во повеќе чекори ја објаснува целата постапка. Дополнително, објаснети се ставките по кој Управата, а и корисникот го пресметува данокот.

Својата пријава можете да ја потврдите или оспорите најрано од 1 мај, но не подоцна од 31 мај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии