Избришете ги вашите траги со Privacy Eraser Free

Вашите интернет сесии оставаат траги на компјутерот. Со малку копање, може да се дознае следново:

  • Посетени сајтови
  • Податоци со кои автоматски се пополнуваат сајтови
  • Лозинки кои користите
  • Привремени фајлови
  • Користени програми

За да ставите крај на сите можни обиди за ѕиркање во вашата приватност, би можеле да инсталирате Privacy Eraser Free. Софтверската алатка е едноставна за користење и скенирањето започнува со кликнување на огромниот круг SCAN. По завршување на скенирањето, ќе ви биде сервирана листа од работи кои можат да бидат отстранети. За нивно справување, имате на располагање опција за автоматско и брзо чистење, или за рестартирање, односно исклучување на компјутерот по извршеното чистење траги.

Privacy Eraser се одликува и со алатки за неповратно бришење фајлови или цел драјв. Можете поефикасно да ги бришете програмите кои повеќе не ви се потребни, или пак да откриете кои програми автоматски се покренуваат секој пат кога ќе го вклучите компјутерот.

Најновата петта верзија ефикасно ги чисти трагите и од прелистувачите Brave, Vivaldi, како и најновата верзија на Edge. Во случај да сакате понапредни функции, ви се нуди годишна претплата на професионалната верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии