Избришете ги сите траги од интернетот со Just Delete Me

Низ годините само се зголемува бројот на веб сајтови каде имаме оставено наши лични и чувствителни податоци. Времето поминува, одамна сме престанале да ги користиме таквите сајтови, но нашите податоци и понатаму остануваат и спремно чекаат да паднат во рацете на искусни хакери. Независно од причината, акаунтите кои не ги користите би требало да ги поништите, а таквото нешто знае да биде комплицирано и да одземе многу време и копање по сајтовите за да ја најдете бараната опција.

6-justdeleteme-en-01

Justdelete.me е сајт кој ви го сервира линкот кој e потребен за бришење на акаунтот. Листата од сајтови е огромна и за полесно снаоѓање имате на располагање пребарувачки енџин. Во зависност од тоа колку е тешко да се избрише акаунт, justdelete.me ги дели сајтовите во зелена, црвена, жолта и црна зона. Сајтовите кои се во зелената зона ви дозволуваат лесно и брзо отстранување, жолтата зона е со средна тежина и бара додатни чекори. Сметките на сајтовите во црвената зона не можат целосно да се избришат се додека не се контактира поддршката за корисници, а сајтовите од црната зона не можат да се избришат. Од исклучителна корист е тоа што за секој веб сајт, justdelete.me нуди чекор-по-чекор објаснување како да се отстрани сајтот (show info).

За уште полесно снаоѓање, ви препорачуваме да ја инсталирате екстензијата за Google Chrome и секој пат кога ќе посетите сајт кој е на justdelete.me листата ќе добиете визуелна сигнализација во форма на круг. Кликнување на кругот ќе ве одведе до релевантната страна за да се избрише акаунтот.

Од друга страна, сајтот се одликува и со Fake Identity Generator кој ќе ви помогне автоматски да креирате лажни податоци во ситуации кога не сакате да ги наведете вистинските.

1 коментар на “Избришете ги сите траги од интернетот со Just Delete Me

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии