Изборите при дизајнирањето на апликациите и сервисите на телефоните нè прават зависни

Иако ненамерно, изборите кои се прават при креирањето на апликациите и сервисите, ги прават корисниците зависни. Ова го тврди Тристан Харис, во интервју за PBS. Г. Харис е поранешен вработен во Google и иако не му се допаѓа насоката во која оди развојот на апликации, додава дека ништо од ова не се прави со намера за предизвикување зависност.

Сепак кога изборот на компанијата е да заработува од рекламирање, тогаш очекувано е дека сакаат што повеќе и што подолго да ги задржат корисниците на платформата.

„Никогаш досега во историјата, 50 луѓе, главно мажи, сите околу 35 години, кои живеат во Калифорнија и работат во 3 технолошки компании, немале влијание како милијарди луѓе го поминуваат своето време.“

Поради ова г. Харис ја креираше платформата „Time Well Spent“ која ќе помогне да бидат запазени интересите на корисниците.

Инаку во борбата за вниманието на корисниците, ништо не е оставено на случајот. Добар дел од апликациите имаат скриена гејмификација, која наликува на она што се случува во казино. Пример за ова е периодот за чекање од отворањето на Twitter, до моментот кога ќе се отворат нотификациите. Г. Харис ова го споредува со чувството кое го имаат посетителите во коцкарница.

Кој е начинот за да се справиме со сегашната „зараза“? Подобра организација. Користење на икони за апликации кои не можат дополнително да го продолжат времетео кое сте го испланирале, на пример Google Maps. За подобро да го разберете ова сепак ќе мора да го гледате видеото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии