Избегнете го геолокациското блокирање со TunnelBear

Геолокациското блокирање е најверојатно едно од најздодевните и најфрустрирачките искуства кое корисниците веќе и пречесто го доживуваат на интернет, иако за дел од сервисите можеби станува збор за оправдано блокирање, дел, пример нови трејлери на серии или филмови речиси без причина се блокираат.

TunnelBear е сервис кој овозможува преку VPN (виртуелна приватна мрежа) да ја „промените“ својата локација и да пристапите до дел од содржините кои вообичаено не ви се достапни. Без сомневање најголема предност на сервисот е едноставноста, по инсталацијата корисникот единствено треба да ја одбере државата за која сака да го заобиколи геолокациското блокирање. При тестирањето без проблеми успеавме да пристапиме до Pandora и да ги заобиколиме YouTube рестрикциите, но Hulu препозна дека користиме VPN и не успеавме да ја поминеме геолокациската блокада.Сервисот овозможува 500 MB бесплатно префрлање на податоци месечно, а месечната претплата е 7 долари за неограничен проток на податоци или околу 5 долари доколку се обврзете дека ќе го користите Tunnelbear цела година.

Дел од ваквите прокси сервиси се можеби и посложени за коорисниците кои немаат преголем интерес за технологијата, но Tunnelbear, Hula Unblocker и други сепак се супер едноставни за користење, и покажуваат дека блокирањето по локација нема иднина. Тие остануваат корисни алатки за одредена анонимност на интернет, барем додека помине планот на европската пиратка Џулија Реда тогаш нема да има веќе забрана поради геолокација во Европа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии