Иван Ивановски од Lynx.press: Сакаме да ги поврземе медиумите и читателите

Mобилното прво. Од Microsoft до Google до македонската Venikom, ИТ компаниите се обидуваат да им покажат на сите веб сајтови дека мобилното станува неопходно.

„Во наредниве пет години нашите проекции се дека дури 80% од посетите на медиумите ќе доаѓаат од мобилни уреди“, вели Иван Ивановски, директор во Venikom. „Мобилните посети во некои земји веќе и годинава ги надминуваат посетите од десктоп. На глобално ниво во моментов процентот изнесува просечно над 35% посети од мобилен а во Македонија тој удел е дури над 40 oтсто“.

Решението на Venikom за овој тренд е новиот плагин Lynx.press, кој ги конвертира WordPress сајтовите во елегантни мобилни апликации за iOS и Android. Плагинот креира мобилна апликацијa скоро без никаков труд од страна на корисникот, чија единствена задача е да одбере алатки за персонализација и да си ја уреди содржината.

„Повеќе од пет години имаме привилегија да работиме со некои од најголемите медиумски издавачи од светот и со тоа активно ја следиме целокупната трансформација на каналите и формите преку кои медиумите се поврзуваат со своите читатели. Ова искуство ни е силен инсајт да заклучиме дека многу наскоро ќе бидеме сведоци на целосна револуција во начинот на кој медиумите дистрибуираат содржини и во начинот на кој читателите сакаат да добиваат информации кои им се од интерес. Lynx.press е резултат на сето ова, продукт кој ќе овозможи медиумите и читателите да станат поблиски од било кога досега“, вели Иван.

Иван Ивановски

Иван Ивановски

Lynx.press е наменет ексклузивно за медиумите и сајтовите кои се хостирани на WordPress. Без разлика дали имате блог, портал или онлајн издание на весник, со плагинот ќе може да направите персонализирана мобилна апликација – од избор на одлични теми; до опција за поставување на претплата за селектирани текстови; и систем за менаџирање на реклами.

„Успеавме да развиеме модел во кој Lynx.press ќе го направиме достапен за сите оние кои имаат содржина за дистрибуција, почнувајќи од најмалите блогери па се до најголемите медиумски конгломерати.“, вели Иван.

Lynx.press

По првото тестирање се уверивме дека се работи за навистина кул производ кој стартува како spin-off проект од Venikom, кои се и најголемите инвеститори.

Во моментов стратегија на компанијата е да го промовира Lynx.press со герила кампања, која ја започнаа со интересни реклами таргетирајќи ги најпопуларните македонски портали и блогови.

2 коментари на “Иван Ивановски од Lynx.press: Сакаме да ги поврземе медиумите и читателите

  1. Секоја чест на идејата! Постои цела бранша програмери што го прават истото (конвертирање на веб страници за на мобилен уред), а вие сте направиле апликација. Само напред!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии