iTunes Match ќе овозможи стриминг на вашата iTunes библиотека

Apple им даде пристап на програмерите до својот музички сервис, наречен iTunes Match beta, кој ќе ви овозможи да ја стримате вашата iTunes музичка библиотека од било каде, на било каков уред, без разлика дали е MacOS или iOS. Apple во јуни најавија дека овој музички сервис ќе биде достапен на есен како дел од iTunes 10.5 beta 6.1. Се планира iTunes Match да се појави во исто време со новиот iPhone 5.

iTunes Match функционира на таков начин што ја скенира вашата iTunes музичка библиотека и бара копии од вашите песни на iCloud сервисот, без разлика дали тие песни се купени преку iTunes. Благодарение на iCloud ќе можете да пристапите до вашата библиотека од било кој Apple уред, и ќе можете да стримате песни или пак да ги преземете. iTunes Match моментално е достапен за девелоперите во Америка. Цената на овој сервис изнесува 24,99 долари за 12 месеци, а оние што се претплатени на beta бесплатно ќе добијат плус три месеци. Откако ќе излезе од бета, корисниците ќе можат да стримаат музика и на PC.

Добрата работа со овој музички сервис е тоа што не морате да закачувате песни на интернет за да можете да ги слушате на други уреди, како што е случајот со Google Music Beta и Amazon Cloud Player. iTunes Match исто така ќе нуди и далеку подобар квалитет на звукот. Песните ќе можете да ги стримате со 256 Kbps. Во приложеното видео можете да ги погледнете опциите кои ги iTunes Match.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии