#ИТН S02E17: Слушаме предавање за стартапи од Френк Нојригат

Ко-основачот на Startup Weekend, Френк Нојригат, предизвика бранови во македонската стартап сцена. Но, не затоа што во двете недели додека беше во Македонија го посвети своето време да им помогне на стартапите, туку бидејќи беше искрен со нив. „Немојте да се лажете, стартапите и претприемништвото се тешка и напорна работа“, им се обрати тој на десетината млади македонски претприемачи на предавање за стартапи во Impact Hub Skopje. „Некои од вас можеби не ни треба да размислуваат за стартапи, и само мал дел од вас ќе успеат“, велеше тој на изненадувањето на слушателите кои се запрашуваа дали овој човек сака да ги уплаши наместо да ги мотивира. Но, за Френк единствениот начин да се поттикне претприемништвото е да се биде подготвен, аналитички и ментално, за сите предизвици што ги чекаат стартапите.

Во оваа издание на #ИТН ќе слушнете дел од неговото предавање за „трикови и совети за стартапи“. #ИТН e подкаст за технологија на IT.mk и Радио МОФ, воден од Виктор Дано, Викторија Николовска, и продуциран од Були од Радио МОФ. Сите епизоди може да ги најдете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии