#ИТН e подкаст за информатика, технологија и наука, и во 12-тата емисија за гејминг и е-спорт. Заедно со емисијата за игри GG.mk им го славиме јубилејот од над 100.000 прегледи на Twitch, и отвараме неколку теми поврзани со видеоигрите. Зборуваме зошто е важно да се таргетираат гејмерите, за спонзорите, за македонската гејминг заедница, за е-спортот и зошто треба да се поддржи со закон, за девојките гејмери и за идните планови. #ИТН e подкаст на IT.mk и Радио МОФ, воден од уредникот на IT.mk, Виктор Дано, стартап ентузијаст и маркетинг менаџер, Викторија Николовска, и продуциран од Були од Радио МОФ. Сите епизоди може да ги најдете тука.
#ИТН S02E12: Зборуваме за гејминг и е-спорт со GG.mk
