#ИТН еп. 22: Стартапи можат да се стартуваат само со идеја

Верувам дека целата стартап сцена е возбудена што ќе се одржи четвртиот Startup Weekend Skopje на 8 и 10-ти мај. Овој настан е вистинско место за да видиме колку всушност македонската стартап сцена е иновативна и креативна. Тоа што ќе биде поважно на настанот е да се чујат идеите и размислувањата на претприемачите, велат организаторите и гости на 22-рата епизода на #ИТН.

Зборуваме со Наташа Петкова од Fox Media House, Ева Пиперевска и Теди Пејоски од G6 Solutions, кои се дел од тимот волунтери што го организираат Startup Weekend, и луѓе кои запознаени со македонската стартап сцена. Tие можеби се најдобрите гости кои се обидоа да ми објаснат зошто да учествувам на еден ваков настан, и зошто не треба да верувам дека стартапите се нешто што можат да го направат програмерите. Според нив, не мора да имаш продукт, или да бидеш технички подготвен. Тоа што е важно е идејата и потенцијалот за бизнис.

#ИТН e подкаст за информатика, технологија и наука, направен како соработка помеѓу IT.com.mk и Радио МОФ; го водат Виктор Дано и Викторија Николовска, а продуцент еДимитар Були Вандовски. Новата епизода се емитува секој четврток од 19:00 на Радио МОФ. Подкастите може да се преслушаат во било кое време.

ITN Podcast E22 by Radio Mof on Mixcloud

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии