#ИТН еп. 13: Стартап кој ја движи македонската е-трговија напред

Најчестата тема во #ИТН, подкаст за информатика, технологија и наука, ни се македонските стартапи. Но, иако досега зборувавме за нови идеи кои треба да се пробијат и што треба да научат стартапите, овојпат – во тринаесетата епизода – имавме еден од ретките стартапи кои всушност успеа во Македонија. Гостин ни е Нина Ангеловска, ко-основачот на Grouper.mk, сервисот за групни попусти кој неодамна го прослави својот четврт роденден. Нина вели дека Grouper.mk има над 40 отсто од севкупната е-трговија во Македонија, и има смисла во тоа бидејќи овие сервиси се перфектни за македонските граѓани, кои веќе не се плашат да купуваат онлајн, туку бараат повеќе попусти. За почетоците на Grouper и што мисли Нина за е-трговијата, ќе чуете во подкастот.

#ИТН e подкаст за информатика, технологија и наука, направен како соработка помеѓу IT.com.mk и Радио МОФ; го водат Виктор Дано и Викторија Николовска, а продуцент е Димитар Були Вандовски. Новата епизода се емитува секој четврток од 19:00 на Радио МОФ. Подкастите може да се преслушаат во било кое време.

ITN Podcast E14 by Radio Mof on Mixcloud

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии