#ИТН еп. 17: Зошто треба да го користите Instagram?

По повод вториот #InstaMeetSkopje, собир на инстаграмџии кои сликаа по Стара чаршија, и чии слики можете да ги видите тука; во 17-тата епизода на #ИТН разговаравме за Instagram, популарна друштвена мрежа во сопственост на Facebook која има над 300 милиони корисници, што ја прави поголема од Twitter. Гости ни се @Darko156 и MonikaPotter, со кои, како едни од иницијатори на дружењето и инстаграмџии, се разбира, зборувавме за што го прави Instagram поинаков од другите популарни мрежи, зошто неговата заедницата е повеќе заинтересирана за вештините на корисникот, отколку за идентитетот, и зошто брендовите треба да се активираат повеќе и како.

#ИТН e подкаст за информатика, технологија и наука, направен како соработка помеѓу IT.com.mk и Радио МОФ; го водат Виктор Дано и Викторија Николовска, а продуцент еДимитар Були Вандовски. Новата епизода се емитува секој четврток од 19:00 на Радио МОФ. Подкастите може да се преслушаат во било кое време.

ITN Podcast E17 by Radio Mof on Mixcloud

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии