Италија сака да го суспендира Apple бидејќи не ги почитува законите за гаранции

После казната од 900.000 евра Apple сега доби уште едно предупредување од италијанската Комисија за заштита на потрушувачите. Овојпат, како што известува Reuters, на Apple во Италија му се заканува еднамесечна забрана за работа и нова парична казна од околу 300.000 евра поради непочитување на законот за двегодишна гаранција и бесплатна техничка поддршка за корисниците на нивните производи.

И покрај првата казна, Apple не ги задоволи условите поставени од комисијата и сѐ уште нуди гаранција за само една година која може да биде продолжена на две, но само доколку потрошувачот плати некоја одредена сума.

Според регулаторното тело, Apple наместо да ги известува своите купувачи за правото на двегодишно бесплатно сервисирање, тие ги терат да плаќаат дополнителна сума за дополнителни услуги, што значи дека гаранцијата од Apple која се плаќа е подобра од таа која корисниците ја имаат според законот. Италијанските власти се единственита ЕУ земја која се спротиставува на ова пракса на Apple.

Apple се жалеше на првата пресуда и казна, но го изгуби судскиот спор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии