Конкретното видео е постирано во 2006 година, а Google вели дека по поплаки од корисниците го тргнале видеото за само неколку часа, додека италијанските обвинители велат дека видеото стоело 2 месеци на Google Video (ова е кратко пред Google да го купи YouTube). Tоа што е интересно e што судот од Милано вели дека Google е крив што видеото воопшто се нашло онлајн, барајќи секое видео да биде прегледано пред да биде закачено на видео сервисот. Тоа би значело дека Google ќе мора да ги прегледува целиот материјал што се закачува на YouTube, а се закачува по 20 часа видео содржина секоја минута!

„Пресудата ги напаѓа основните принципи на слободата на која е заснован интернетот. Здравиот разум диктира дека само личноста која го снима и закачува видеото на хостинг платформа е одговорна и може да ги преземе чекорите да ја заштита приватноста и да обезбеди дозвола од луѓето кои се снимани. Европските закони се направини посебно да ги заштитат хостинг провајдерите се додека тие реагираат и тргаат нелегална содржина откако ќе бидат известени.“ пишува Google на својот блог.

ЕУ против веб монополот на Google

Европската Kомисија потврди дека добила поплаки од други компании и започнува истрага да види дали Google користи нефер конкуренција за својот маркетинг и пребарувачки бизнис. Комисијата вели дека истрагата е прелиминарна, односно може и да не дојде до официјална истрага. Google веднаш објави блог пост објаснувајќи го својот пристап.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии