ИТ (р)еволуција: 1990 vs. 2010

Но на индивидуално ниво промените се неверојатни. Во 1990 година не постоеше Вебот, а денес дигитализацијата и интернетот го збогатија нашето секојдневно искуство, нудејќи ни повеќе информации и повеќе можности да откриваме и истражуваме нови работи.

Пример, во 1990 година сте чуле песна на радио, ви се допаѓа но немате поим која е песната и чија е. Но во 2010… ви треба само 30 секунди да дознаете се за песната!

(потребно е инсталиран Silverlight за zoom.it)

(via Мартин Димовски)

3 коментари на “ИТ (р)еволуција: 1990 vs. 2010

  1. Хаха :) добрите стари времиња… Верувам дека во 2020 некој ќе напише дека во 2010 се допишувале и заедно споделувале слики на Facebook, играле Counter во тимови додека никој не разбирал што е тоа, го гледале Avatar во 2D :)))

    Во секој случај добро инфо за 1980-тите :) Промените се фасцинантни.

  2. Во 80-тите години слушавме радио затоа што имаше што да се слушне (Dire Straits, Azra, Prljavo Kazaliste, EKV, Idoli, The Clash, Men at Work, Cars, Phil Collins …)

    Во 80-тите висевме пред „Југотон“ во ГТЦ за да ги дочекаме новите плочи, кои потоа ги слушавме *заедно*, во друштво.

    Во 80-тите висевме „пред Ванила“, одевме во кино „Вардар“, „Култура“ да ги гледаме „Брилијантин“ и „Алиен“, и во „Напредок“ да гледаме „Хопа-цупа у кревету“.

    Во 80-тите години го основавме „Шеесет-и-тројка“, одевме во „Алпино“, пуштав музика во дворчето на „25 мај“ (она што денес е „Хард-Рок“, а главен фраер беше оној кому вујко му од Гери, Индијана му испратил вокмен.

    И — во 80-тите години, кога ќе слушневме некоја песна, го фаќавме девојчето за рака, тивко ја потпевнувавме мелодијата и … ахем … водевме љубов.

    Денес – осамени висите на Интернет и веднаш дознавате кој е семплинг рејтот и фреквенцијата на енкодингот на песната.
    Аирлија! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии