ИТ обука: Aплицирајте за стипендии за School of Data

Oтворен e нов повикот за апликации за стипендии за 2015 година за обучувачи за податоци коишто ќе ги споделуваат нивните вештини за работење со податоци ширум светот, објави Отворени образовни ресурси. Следи дел од огласот:

Како стипендист на School of Data ќе имате шанса да научите како се обработуваат сурови податоци, и ќе бидете обучени за лидерство и организирање на локални заедници. Ќе бидете дел од глобална мрежа практичари на School of Data преку која се споделуват ресурси и знаења за изработка на податоци. Програмата трае девет месеци во просек по десет работни часови неделно, и ќе се извршува преку обуки на интернет и во живо.

За да аплицирате ќе треба да покажате дека имате страст за технички дата вештини, за социјални промени, уживате во креирање на заедници и тимска работа со интернационален тим на ентузијасти за податоци.

Рокот за поднесување апликации е 10-ти март, а програмата ќе започне во април 2015 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии