ИТ настан: На e-Општество 2012 ќе се дискутира за „отворено образование за отворено општество“

Отвореното образование се засонува на желбата за споделување на знаењето, што може да придонесе за унапредување на научната образовна дејност, а полза од тоа ќе има целокупната заедница. Токму „отвореното образование за отворено оштество“ е темата на осмата по ред меѓународна конференција е-Општество.мк која ќе се оддржи од 14 до 15 ноември во Холидеј Ин, Скопје.

„Оваа година фокусот ни беше инцијативата за отворени образовни ресурси, кои опфаќаат секаков вид образовни содржини и алатки кои се слободно достапни со помош на денешните технологии. Таков пример се електронски напишаните белешки на професорите, презентации, видеоснимки од предавања, учебници и слично.“, вели Ирина Шумадиева од фондацијата Метаморфозис.

Овој начин на образование работи на системот „сите за сите“, така што доаѓа до размена на образовни содржини помеѓу целата заедница, а со тоа се создава цела ризница од образовни содржини кои може да се употребуваат на неограничено време, смета Ирина.

На овогодинешната конференција ќе гостуваат професори и експерти во полето на отворениот пристап. Покрај професори и експерти од Македонија, на е-Општество 2012 ќе присуствуваат и луѓе вклучени во образованието од Полска, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, и Белгија.

На првиот ден од конференцијата ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап. Една сесија ќе биде посветена на примената на софтвер во формалното образование, а особено на оној со отворен код. Првиот ден ќе заврши со препораки за развој и иновации кои може да се инкорпорираат во образовниот процес.

Во вториот ден ќе се дискутира за градење на заедница на интернет и концептот „Отворен универзитет“ како идеја кон која се насочува високото образование. Покрај тоа, ќе се анализира и улогата на граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.

Отворените образовни ресурси се важен елемент за развој на квалитетот на образованието и ги намалуваат разликите во можностите за образованието помеѓу луѓето со различен социјален статус, сметаат од Метаморфозис.

„Се надеваме дека во Македонија ќе се развие уште поповолна клима на овој план за да се стимулира споделувањето, но и за што повеќе луѓе да разберат за достапните ресурси и да ги користат“, вели Ирина.

Веб-сајтот на овој проект е oer.mk и таму можете да се информирате повеќе на темата, а на истиот ќе се пушти во функција и апликацијата која ќе го овозможува поставувањето и пребарувањето на ресурси, а ќе биде промовирана на самата конференција.

Официјалниот сајт на конференцијата е http://www.e-society.mk од кадешто може и да се пријавите, а целосната агенда во .PDF документ можете да ја овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии