ИТ настан: Сакате пиво? Направете Android апликација за Златен Даб

Прилепска пиварница стартува натпревар за најдобра Златен Даб апликација која ќе ја награди со 1.500 евра. Пиварата може да си направи своја апликација, но бара од фановите на пивото да предложат своја брендирана Android апликација бидејќи, како што велат, сака „да го поттикне создавањето на нови иновативни апликации, кои ќе имаат реална примена во модерното секојдневие“.

Најдобарата апликација, која ќе биде изберена од жири, ќе добие промоција преку маркетинг каналите на пиварата. Знаејќи деке Златен Даб како бренд во последната година дошивува своја ренесанса, со редизајн на флашата и агресивниот маркетинг, може да биде корисно за девелоперот да добие малку ПР за себе.

Но, за почеток ќе треба да видиме колку се креативни македонски девелопери кога се работи за апликација за пиво. Сигурно не треба да биде досадна, еднократна апликација во која се опишува пивото, и се фали Златен Даб. За тоа се користат реклами, не апликации.

Во секој случај, пријавувањето е до 8-ми мај, а победниците ќе бидат прогласени на 15-ти мај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии