ИТ настан: Започна втората сезона на македонската Dota 2 лига

Image courtesy of Dota

Македонската е-спорт заедница конечно е пораздвижена. Главна причина за ова се момците од Dota2MK кои ја најавија втората сезона на македонската Dota 2 лига.

Новата сезона има промени, па наместо досегашните две лиги сега ќе има само една лига со 18-тима кои ќе се натпреваруваат во бодови освоени со победи и нерешени резултати. По завршувањето најдобрите 4-тима ќе играат во финалето во LEVEL Gaming Center во Струмица. Овојпат и наградниот фонд ќе биде поголем, па победниците ќе поделат 60.000 денари. Учесниците кои нема да се пласираат во финалето, ќе имаат можност да се натпреваруваат во македонскиот Dota 2 куп.

Пријавувањето за втората сезона е веќе започнато и ќе трае до 25 ноември. Распоредот на натпреварите ќе биде објавен на 1 декември по што ќе следи и почетокот на лигата. Заинтересираните можат да се пријават на Facebook страницата на Dota 2 Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии