ИТ настан: Започна пријавувањето за Robomac 2014

Роботите ќе ја заземат централната сцена во Скопје од 2-ри до 9-ти март. За тогаш е закажана интернационалната работилници во роботика и вештачка интелигенција Robomac 2014-та. Организиран од EESTEC Скопје, IEEE Macedonia и ФЕИТ, на настанот се поканети сите студенти од македонските технички факултети кои ќе си ги одмерат роботите наспроти учесници од 24 европски градови.

За разлика од претходните натпревари на кои учествуваа по 100 студенти, на јубилејниот 5-ти Robomac учесниците ќе се натпреваруваат во нова категорија „точна мета“ во која роботите ќе мора да следат линија и да погодат боја; покрај стандардните категории сумо во која робитите ќе се туркаат; роботска рака во која ќе се демонстира можноста роботите да завршат одредена задача; трка за да се види кој робот најдобро и најбрзо следи линија; и категоријата хуманоид во која роботите ќе си ги покажат вештините во играње. Покрај натпреварувањата, ќе има и предавања во областа на роботиката, програмирањето и вештачката интелигенција. СЕ уште не се најавени предавачите.

Пријавувањето на Robomac 2014 е отворено за сите заинтересирани студенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии