ИТ настан: Започна гласањето за Сајт на годината 2013

Четврти пат по ред ќе се одбира македонски Сајт на годината 2013. Иако имаше лош почеток, манифестацијата организирана од MediaSolutions, со искуството станува се потранспарентен настан вклучувајќи ги корисниците да номинираат и гласаат за своите фаворити, кои на крај како победници ќе ги одбере стручно жири.

Гласањето започнува од денес, 26.11, и ќе трае до 5-ти декември. Корисниците ќе може да распределат два, шест и десет поени за секоја од 13-те категории, но само откако ќе го остават својот имејл, најверојатно со цел да нема автоматизирани гласања. По гласањето од корисниците, конечниот збор ќе го има жирито кое ќе оценува според шест критериуми и тоа: технички параметри, дизајн, функционалност, содржина, интерактивност и иновативност. Соодносот на финалните гласови е 60 отсто од жирито, и 40 отсто од посетителите.

Победниците ќе бидат објавени на 10-ти декември. Во изминативе години наградата за најдобар .мк сајт го доби kajgana.com, femina.mk и off.net.mk, иако имаше повеќе победници според различните категории.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии